Повторно започна да се произведува најпознатиот автомобил на Џејмс Бонд (со видео)

Видео Занимливости

Повторно започна да се произведува најпознатиот автомобил на Џејмс Бонд

Објавено на 31 мај 2020 година

За да се ублажат последиците од кризата во која се најде, Aston Martin пристапи кон невообичаени решенија. Едно од нив е и повторното производство на најпознатиот модел на марката, прославен лично од Џејмс Бонд. Реинкарнацијата на легендарниот DB5 ја има ознаката Goldfinger, што значи дека ќе биде опремен со специјални додатоци како во филмот за тајниот агент, заради што нема да може да се регистрира. Од Aston Martin велат дека за изработка на секој примерок ќе им бидат потребни по 4.500 работни часа. Колку време пак за него ќе работат 25-те привилегирани купувачи тешко е да се каже, бидејќи цената му е поставена на стравично високи 2,75 милиони фунти без давачки. Оригиналниот Aston Martin DB5 се произведуваше од 1963 до 65 година и од него беа направени помалку од 900 примероци. И сегашниот модел ќе има четирилитарски шестцилиндричен мотор со 290 коњски сили, спарен со петстепен мануелен менувач. Првите испораки се очекуваат уште годинава.

Видео

клучни зборови: ,