На денешната седница РКЕ повторно направи нивелација на цените на горивата и овој пат нагоре. Од полноќ бензинот Еуросупер БС-95 ќе биде поскап за 1,50 денари. Еуросупер БС-98 оди нагоре за два денари, а Еуродизелот поскапува дури за 2,50 денари. Од утре во малопродажбата ќе важат следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС-95 82,50 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 85,00 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 76,50 ден/лит.


