Освежениот Prius има и 4×4 погон

Освежениот Prius има и 4×4 погон

Toyota на рестилизираната верзија на Prius за американскиот пазар ѝ додаде 4×4 способности
Објавено на 28 ноември 2018 година

Верзијата за 2019 година на хибридниот Prius која дебитираше на актуелниот авто-салон во Лос Анџелес има и електричен погон на сите тркала. Оваа опција што Toyota досега ја нудеше само во Јапонија значи дека Prius има уште еден електромотор кој испраќа сила на задните тркала при брзини до 70 km/h. Струјата ја добива од нови никел-метал-хидрид батерија проектиранa да обезбеди добри перформанси посебно во студените денови. Оваа батерија е сместена под задните седишта и не влијае на корисниот багажен простор. Што се однесува до стилските промени, тие вклучуваат нов преден браник и рестилизирани светла. Назад исто така е променет браникот, како и стоп светлата кои сега се со поконвенционален изглед отколку пред редизајнот.

Toyota предвидува 25% од продажбата на Prius во САД да бидат со новиот погон на сите 4 тркала.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER