Општина Центар во битка со непрописно паркираните

Општина Центар во битка со непрописно паркираните

На територијата на општина Центар минатата недела се санкционирани 252 непрописно паркирани возила

Објавено на 16 јули 2019 година

Јавното претпријатие Паркинзи на општина Центар и општинските служби во соработка со сообраќајната полиција минатата недела санкционираа 252 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Од нив 130 се отстранети со помош на специјалните пајак возила на претпријатието, а на 122 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани им се поставени блокатори. Од јавното претпријатие и општината известија дека континуирано ќе спроведуваат вакви мерки со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улиците на територијата на Центар.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER