Од Peugeot порачуваат: Не чекајте го Дедо Мраз!

Македонија

Не чекајте го Дедо Мраз!

Во очекување на новата година, Peugeot има предновогодишни понуди за сите клиенти
Објавено на 13 декември 2018 година

За нови почетоци, нови емоции и нови авантури, љубителите на Peugeot не мора да го чекаат Дедо Мраз – добредојдени се во салоните на Еуроимпекс каде ќе можат да изберат меѓу 208, 308, 301, 2008 и Partner Tepee по неодоливи цени. Сè што треба да направат е да се обратат во еден од двата продажни салона на генералниот увозник на Peugeot или кај овластената дилерска мрежа во Скопје, Тетово, Штип и Гевгелија, каде ќе бидат целосно запознаени со понудите – моделите, техничките карактеристики, моторите, цените како и богатата опрема со која располагаат. За време на оваа предновогодишна понуда на клиентите им е овозможено и бесплатно тест возење моделите, кое можат уште веднаш да го закажат на веб страната на Peugeot. Како и сé што е убаво, и оваа понуда кратко трае – само до 31.12.2018 година, а и количините се ограничени.

клучни зборови: