45 години транзиција на VW
На роденденот на Golf, Volkswagen се пофали дека го купува Ferrari
Објавено на 1 април 2019 година
Пред некој ден Volkswagen Golf наполни 45 години. Го дизајнираше Џуџаро, човекот кој е потписник на многу легендарни автомобили. Меѓу нив има и од Ferrari, марката што ќе го збогати портфолиото на најголемата европска групација, која со неа дефинитивно ќе стане и светска – ако не според волуменот на производство, тогаш според влијанието. Ова преземање дефинитивно ќе влијае на сите светски текови во авто-индустријата бидејќи отвора можности кои досега биле незамисливи. Porsche е Porsche, Lamborghini си е Lamborghini, ама Ferrari отсекогаш бил Ferrari – сé досега, откако во него ќе почнат да се вградуваат компоненти токму од славеникот Golf. VW ќе добие многу од оваа трансакција, FCA уште повеќе – пари за да полесно преживее до наредната криза, која се надеваме дека нема да ескалира токму на 1 април. Затоа уживајте во вестите за Golf и Ferrari колку што можете повеќе, бидејќи не знаете што утрешниот може да ни донесе.