Од полноќ – Октански тобоган

Македонија

Некој горе, некој доле!

Нови цени на горивата

објавено 23. ноември 2020

На денешната седница на  РКЕ донесени се нови малопродажни цени на горивата. Така, од полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се намалуваза 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менува и oостанува 61,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1),се зголемуваат за 0,50денар/литар, во однос на сегашните и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 51,50 ден/лит и малопродажната цена  на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 51,50ден/лит.