Од денес поскапи патарините низ Србија
Објавено на 29 јули 2019 година
Како што беше најавено, од денес патарините за автопатиштата низ Србија се поскапи во просек за 12 отсто. Процентот на одделни делници варира заради заокружувањето на сумите за да не се губи време при враќањето кусур. Така, оние кои со автомобил патуваат од Македонија кон Белград ќе платат 600 динари до Ниш и уште 900 после тоа. Ако продолжат кон Хрватска ќе треба да издвојат уште 410 динари, а за до Унгарија 630. Доколку сакаат можат да платат и во евра, при што сумите за наведените делници соодветно изнесуваат 8, 5,50, 3,50 и 5,50 евра.
Последен пат во Србија патарините поскапеа за 10-тина отсто пред две ипол години.