Од вчера и официјално » Холандија ја ограничи брзината на 100 km/h

Занимливости

Од вчера и официјално

Холандија ја ограничи брзината на 100 km/h

Објавено на 17 март 2020 година

Во своите напори за намалување на емисиите на штетните азотни оксиди, холандските власти ја ограничија максималната брзината на автопатиштата во земјата на 100 km/h. Оваа мерка која како привремена беше донесена есенва сега стана официјална и ќе важи од 6 до 19 навечер. Во вечерните часови и во текот на ноќта остануваат на сила старите ограничувања од 120 или 130 km/h во зависност од делницата. За известување на возачите за оваа мерка поставени се повеќе од 4.000 сообраќајни знаци. Властите предупредуваат дека ограничувањето е генерално и важи и таму каде ги нема новите знаци. Казните за пречекорување на брзината се движат од 160 евра (до 20 km/h) и одат преку 530 евра (повеќе од 50 km/h од дозволеното).

Според статистиките, Холандија има површина од околу 42.000 km² (за две третини повеќе од Македонија) и патна мрежа од 140.000 km од кои 3.650 автопатишта. Возачите во своите автомобили поминуваат годишно околу 150 милијарди километри, но од вкупниот сообраќај на автопатиштата само 8 до 10 отсто се одвива ноќе.