Ова е новиот Audi R8

Новитети

Уште побрз и поатрактивен

Навидум само редизајн на втората генерација, но под кожата…
Објавено на 25 октомври 2018 година

Audi ги објави официјалните фотографии и спецификации на редизајнираниот R8. Втората генерација на овој модел со неизвесна иднина е на пазарот од 2015 година и сега беше вистинско време за затегнување на борите, но и за зафати под кожата. Измените на надворешниот дизајн очекувано не се драстични, но сепак се јасно видливи. Така на предниот дел се истакнуваат новиот сплитер, поагресивно обликуваните всисници за воздух и пошироката маска. Со три отвори над неа се оддава почест на легендарниот Audi Quattro. Во понуда ќе бидат три различни пакети на изглед на надворешноста, а во согласност со трендовите можно е хромираните делови да се заменат со сјајно црни кои изгледаат подобро и даваат дополнителна доза на агресивност.

Внатрешноста не донесува големи промени и сé во неа е добро познато. Затоа пак истиот 5,2 литарски атмосферски V8 мотор сега има за 30 коњски сили повеќе. Вкупно 570 на број, тие ќе го забрзаат до 100 километри на час за 3,4 секунди. Посилната Performance верзија исто така има подобри бројки – 620-те нејзини коњи ќе ја натераат во спринт до сто за 3,1 секунда. Заедно со зголемување на силата, инженерите на Audi работеа и на ослонувањето кое е подобрено со ветување за подобро држење и прецизност во управувањето.

клучни зборови: ,