Нов понеделник, нови цени на горивата – овојпат поголеми
Објавено на 1 јули 2019 година
Врз основа на безброј членови, ставови, точки и алинеи и од закони и подзаконски акти во вид на правилници, уредби, методологии и што и да е, регулаторната комисија за енергетика на Македонија реши горивата да поскапат од утре, и тоа цените на бензинот еуросупер БС-98 и на дизелот еуродизел Д-Е V за 1, а на вообичаениот еуросупер БС-95 бензин за 1,50 денари за литар. Образложението што доведе до тоа овојпат ќе го прескокнеме – она што сигурно повеќе ве интересира е колку ќе нé чини литар од горивото што го троши нашиот автомобил:
- Моторен бензин еуросупер БС -95 – 68,50 денари за литар
- Моторен бензин еуросупер БС -98 – 70,50 денари за литар
- Дизел гориво – еуродизел БС Д-Е V – 61,50 денари за литар