Новиот Peugeot 408 се запознава со интернационалните медиуми

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Иновативен и неочекуван

  • По спектакуларната светска премиера на салонот на автомобилите во Париз во октомври, новиот Peugeot 408 продолжува кон неговото лансирање на почетокот на 2023 година. Следниот чекор се првите меѓународни тестови за медиумите и инфлуенсерите. Од 14 ноември до 2 декември Peugeot пречекува 550 новинари и 50 меѓународни инфлуенсери да го возат новиот 408 по сончевите, но тешки патишта во регионот Ситџес, јужно од Барселона. За овој настан брендот обезбеди 33 408 Plug-In Hybrid 225 e-EAT8 опремени со плаг-ин хибриден мотор од 225 KS и GT изведба.

По емотивниот одговор на уникатниот дизајн на Peugeot 408, медиумите и инфлуенсерите ќе имаат можност да ја откријат извонредноста на моделот посветен на уживањето во возењето со одлично држење на патот во согласност со ДНК на брендот, хибридниот мотор на полнење со високи перформанси и најновата генерација на Peugeot i-Cockpit во комбинација со компактниот управувач кој десеткратно го зголемува задоволството при возење, нудејќи агилност и прецизност. И бидејќи задоволството оди рака под рака со ефикасноста, 408 Hybrid 225 е сертифициран со просечна потрошувачка од само 1,2 l/100 km, односно само 26 g/CO₂ и до 64 km опсег во 100% електричен режим (WLTP комбиниран циклус).

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER