Новиот Kia Ceed пристигна на македонскиот пазар

Новиот Kia Ceed пристигна на македонскиот пазар

Третата генерација на Kia Ceed веќе е претставена на македонската публика
Објавено на 13 ноември 2018 година

Најновото остварување во Ц-сегментот на корејската компанија го имаше своето деби пред нашата јавност. Kia Ceed со својата трета генерација нуди многу новини како за моделот, така и за концернот. Почнувајќи од дизајнот, новите димензии, како и најновите технологии, Kia со Ceed ќе атакува во сегментот каде конкуренцијата е најголема. На самиот старт на продажбата во Македонија Киа Моторс ќе го нуди овој докажан модел по акциски цени. Па така, Ceed со Vision ниво на опрема чини 13.990 евра, за кои меѓу другото се добиваат и екран чувствителен на допир со камера за возење наназад и поддршка за Android Auto и Apple CarPlay. Во повисокото ниво на опременост Ceed доаѓа со безбедносни системи за автономно сопирање и за одржување на возилото во лента, алуминиумски тркала, автоматски клима уред и друго, и тоа за 15.990 евра.

Двата пакети на Ceed се комбинираат со три бензински и еден дизелски агрегат. Основен е 1,4 литарскиот со 100 коњски сили, следат турбо моторите со зафатнина од 1,0 литри и 120 KS и 1,4 литарскиот со 140 КС. Дизелскиот агрегат е 1.6 CRDi  кој развива 136 КС. Што се однесува до трансмисијата, понудени се две варијанти – 6-степен мануелен и 7-степен автоматизиран менувач со двојна спојка, а битно е да се нагласи и фактот дека сите мотори ги задоволуваат најновите Euro 6d стандарди.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER