Нова Mokka, ново лого

Новитети

Нова Mokka, ново лого

Во пресрет на премиерата на новата Mokka, Opel ни го претстави нејзиното ново лого

Објавено на 28 мај 2020 година

Автомобил како излеан од калап во едно парче, прецизен, јасен и со висок квалитет – тоа е новата Opel Mokka. Јасно е усогласена според дизајнерските насоки развиени од Opel, со идеални пропорции. Лицето на новата генерација на Mokka покажува исклучително атрактивни карактеристики кои се дисциплинирани и персонализирани во исто време – како германски супермодел кој работи на сетот. Оваа дисциплина е насекаде, во секој детаљ, особено во плочката каде го пишува името на Mokka. И кај него сé е ново како и кај целиот автомобил, со специјално дизајниран фонт кој на технички, течен и живописен начин го формираат зборот Mokka. Името и амблемот се во центарот на новата генерација на возила. Истото важи и за новата Mokka, првиот Opel што самоуверено го носи своето име централно на задната врата под легендарниот симбол на молњата. Читлив за секого и без здодевни додатоци како што се линиите на опрема или некои кратенки. Новата Opel Mokka кажува само Mokka, или пак со мало „е“ кај нејзината електрична верзија.

„Плочката со името ја илустрира апсолутната прецизност на новата Mokka“, објаснува потпретседателот на Opel Design, Марк Адамс. „Остро направената буква е испружена во широк пејзажен формат и самоуверено е распоредена за да се нагласи ширината на возилото. Централното поставување е во согласност со филозофијата за насоките на Opel, каде клучните визуелни елементи се распоредени по вертикалната и хоризонталната оска. Електричната Mokka-e дефинира нова ера за брендот на Opel. Формата и функција што совршени ги поврзуваат заедно – едноставно германски“.

Следната генерација на Opel Mokka е со целосно нов дизајн и испораките на првите клиенти ќе започнат на почетокот на 2021 година. Таа е компас на Opel за визуелниот идентитет на идните модели и го открива за прв пат новиот план за изгледот на нивниот преден и заден дел. Во дизајнeрскa насока, две оски се пресекуваат со блесокот на молњата на Opel во средина. Легендарното лого на марката станува главна карактеристика повеќе од кога и да било. Сега поострaта и појасна бразда на хаубата, кој продолжува под молњата, ја одредува вертикалната оска. Карактеристичната графика во форма на крило на дневните светла кои ќе ги имаат идните модели на Opel, ја симболизираат хоризонталната оска. Темата се повторува во задниот дел и го покажува компасот на Opel во најчиста форма. Молњата во средина во комбинација со централно поставената табличка на моделот ја поврзува хоризонталната линија на задните светла во форма на крило со вертикалната линија што се протега од антената на покривот надолу кон нагласената бразда во браникот.

 

клучни зборови: ,