Однадвор минималистички, под кожата…
Не е толку влијателен модел на светскиот пазар, но ги окупираше вестите од Лос Анџелес
Објавено на 29 ноември 2018 година
Претставувањето на новата генерација на Mazda3 испадна вистинска сензација. Како што беше најавено, таа се појави на салонот во Лос Анџелес и веднаш го освои целокупното светско внимание. Дизајнот инспириран од Kai концептот во голема мерка е задржан и е повеќе од атрактивен. Предниот дел потсетува малку на поголемата Mazda6, што е случај и со задниот кај лимузинската верзија. Компактна хечбек изведба пак е направена да изгледа атлетски набиена, во целосна согласност со спортски спуштениот преден дел.
А таму за почеток ќе се најдат три мотори. Дизелот ни е познат од CX-3 и има 115 коњски сили. Еден од бензинските ќе биде сосема новиот SkyActiv-X со 187 коњи, а за вториот никој не прашува. И внатрешноста исто така е нова и со поквалитетни материјали од претходникот. За неа сега ќе можат да се бираат три стила на изведба, со пакети опременост прилагодени на регионот каде Mazda3 ќе се нуди. Пространоста незначително е подобрена заради поголемото меѓуоскино растојание, додека надворешните габарити останаа скоро исти. Зголемување единствено се забележува кај седан верзијата, која сега е за добри 8 сантиметри подолга.
Новата Mazda3 најпрво ќе биде пласирана во САД, а после тоа и во остатокот од светот. Доколку некого интересира, караванска изведба не е планирана.