Новата Opel Astra ќе пристигне во 2021-вата
Објавено на 2 јули 2019 година
Откако PSA групата го презеде Opel, Французите со засилено темпо ги имплементираат своите технологии во новите генерации на познатите германски модели. После Corsa, сега сите погледи се насочени кон Astra, која треба да е пристигне во 2021-вата. Јасно, ако Corsa е технички близнак на Peugeot 208, новата Astra ќе биде во најблиска родбинска врска со 308. Со други зборови, новата генерација на представникот во Ц-сегментот од Риселсхајм ќе биде значително посовремена и може да се очекува дека ќе се остварат надежите на марката за нејзино враќање на заслужената пазарна позиција. Купувачите ќе ги освојува со EMP2 платформата позната не само од бројните модели на Citroen и Peugeot, туку и од Grandland X. За техничките детали засега нема ниту збор, но она што е сигурно е дека фокусот ќе биде на намалување на тежината, како и дека идната Astra ќе добие свои хибридни и електрични изведби.
Многу се зборува и дека производството на Astra ќе се збогува од Велика Британија како последица на Брегзит, што значи дека идната генерација на овој модел ќе доаѓа исклучиво од Германија и Полска, дури и за купувачите на Островот. Во меѓувреме, го очекуваме фејслифтингот на сегашната генерација.