Ники Лауда го напушти овој свет (со видео од несреќата)

Ники Лауда го напушти овој свет (со видео од несреќата)

Легендата на формула 1 Ники Лауда почина во 71-вата година од животот

објавено на 21 мај 2019 година

Како синоним за опасностите што ги носи формула 1, беше ѕвезда и додека беше жив за сега и да им се придружи. Секогаш желен за акција, тој како актуелен шампион во 1976 година жив гореше на Нирбургринг – остана заробен скоро цела минута во болидот на Ferrari откако тој се запали. Светот брзо заборави дека иако во тој момент беше најбрз возач на оваа патека, тој само една недела пред трката ги повика своите колеги да ја бојкотираат заради серијата безбедносни пропусти на организаторот како последица на немањето ресурси да се покрие предолгата патека со судии и пожарникари. До тоа сепак не дојде, а изгорениците на лицето што го доби му станаа своевиден заштитен знак, но последиците што не се гледаа му донесоа сериозни последици по здравјето.

Сепак само после шест недели и две пропуштени трки, тој се врати на патеките и својата идеална комбинација на интелигенција, вештина и храброст веќе идната 1977 година успеа да ја поврати шампионската титула. Се повлече од трките во ’79-тата за да три години подоцна повторно се врати и во 1984 година уште еднаш да се закити со титулата. После тоа и 171 извозена трка за March, BRM, Ferrari, Brabham и McLaren дефинитивно го напушти најбрзиот циркус, но остана во светот на октаните како коментатор, советник на бројни тимови во разни шампионати и сопственик на неколку авио компании. Проблемите со здравјето го следеа цел живот – имаше две трансплантации на бубрези во 1997 и 2005 година, а лани и на белите дробови. Последната се покажа фатална.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER