Неизвесна иднината на салонот во Женева
Објавено на 29 јуни 2020 година
Откако западна во финансиска криза по неодржувањето на годинешното издание, сега е неизвесна и иднината на салон на автомобилите во Женева. Имено, фондацијата која го организира се обрати со соопштение за јавноста во кое информира дека се откажува од организација на настанот и идната година. Како причина за тоа се наведува дека поголем број од анкетираните потенцијални изложувачи изјавиле дека најверојатно ќе ја прескокнат и 2021-вата и повторно ќе планираат да учествуваат во 2022 година. Тоа секако е силен финансиски удар за организаторот, кој заради несогласување со условите го одби заемот добиен од кантонот Женева. Заради сето тоа, манифестацијата најверојатно ќе биде продадена на Женевското сајмиште Palexpo.


