На TVR му требаат 25 милиони фунти за Griffith

Занимливости Новитети

На TVR му требаат 25 милиони фунти за Griffith

Објавено на 29 јуни 2020 година

Врело најавен уште во 2017 година, TVR Griffith уште е далеку од производството иако иницијалната Launch едиција му е скоро распродадена. За тоа да стартува на британскиот производител му требаат 25 милиони фунти кои тој ќе се обиде да ги обезбеди со нова емисија акции. Лансирањето на овој прекрасен автомобил неколку пати беше одложувано. Најпрво во 2018-тата кога велшката влада откупи 3 отсто од акциите со цел да се стекне со статусот на државна фирма кој според регулативата на ЕУ би му донел бенефиции при реновирањето на фабриката. Но, процесот траеше предолго, а во меѓувреме долговите се трупаа. TVR сепак се надева на најдоброто, бидејќи како велат, веќе имаат нарачки за Griffith во вредност од 40 милиони фунти. Планирано е тој да се продава низ цела Европа, евентуално и во Северна Америка, Блискиот Исток, Јапонија и Австралија.

клучни зборови: ,