Најавен Porsche 911 Targa (со видео)

Top News Видео Новитети

Најавен Porsche 911 Targa

Porsche го најави претставувањето на 911 Targa

Објавено на 16 мај 2020 година

Carrera, Turbo, Targa – тоа е светото тројство на 911, кое Porsche за некој ден ќе го комплетира. Првите два члена на новата 992 серија на легендата веќе ги видовме – остана само уште боемската Targa, чие претставување, он-лајн се разбира, е закажано за понеделник. Конечно, би рекле фановите на марката бидејќи иницијално тој требаше да ја има премиерата на салонот во Пекинг, но заради неговото одложување таа беше поместена за тенискиот гран-при турнир на Porsche. Но заради пандемијата овој настан беше откажан, па Германците решија 911 Targa еден убав пролетен ден да осамне во фабричкиот музеј. Арно ама и тој беше затворен, па така не преостана ништо друго освен да ја подготват неговата дигитална презентација. Каква ќе биде, ќе дознаеме наскоро.

Видео

клучни зборови: ,