М Кар – пет години

Вести Македонија

Првата петолетка успешна

Мал јубилеј и голем успех

објавено 13. јануари 2021

Увозникот на BMW и MINI за Македонија и Косово ја одбележува својата пет годишнина на успешно работење. Во 2015 година, по неколку хаотични и лоши години за двата бренда, во улога на увозник и дистрибутер се појави М Кар враќајќи ги двете марки на заслуженото место. Требаше многу работа за да се поврати довербата на купувачите, да се излезе од негативниот имиџ и да се продолжи понатаму. За резултат е потребна макотрпна работа, а пет годишните напори на целиот тим на М Кар резултира со челната позиција во продажбата во премиум сегментот кај нас во пандемичната и трусна 2020 година. Во своето пет годишно постоење М Кар организираше и учествуваше повеќе настани со кои се зацврстува врската со заедницата и заветот кон купувачите, а тимот е посебно горд на наградата BMW Presidents Award која претставува престижното и највисоко признание доделено од групацијата BMW на своите партнери. По повод својата 5 годишнина, во знакот на 5, М Кар промовира акциски понуди за BMW и MINI, како за продажба, така и во постпродажба.