М Кар – Ноќ на луксуз и моќ

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Претставени баварските знаменосци

Увозникот на BMW, М Кар, пред домашната јавност ги претстави технички најнапредните модели, електричната луксузна лимузина i7 и раскошниот ХМ

BMW со децении важи како една од технолошки најнапредните компании во автомобилизмот. Врвот во иновациите секојдневно се надградува, но сега ред дојде да се достигне врвот во луксузот. Новото мото на BMW Group е Forwardism (напредност), или, како го толкуваат креаторите, постојано предизвикување на конвенционалноста, за да се овозможи трајна радост во иднината. На тоа најдобро посведочија седмата генерација на Серијата 7 и сензационалниот ХМ.

Суштински различни, овие два модели имаат заеднички основи. Тие се создадени да ги обединат двата најстрасни елементи на возилата, а тоа се перформансите и луксузот. Домаќините на настанот ги претставија во најдобро светло организирајќи премиера каква што им доликува на двата знаменосци. Воодушевени од експонатите, присутните гости уживаа во несекојдневното премиум искуство. Покрај промоцијата на авангардните автомобили, атмосферата беше збогатена со балетски перформанс,  како и специфичен уметнички концепт од македонскиот современ уметник, Бојан Ковски кој создаде посебна слика инспирирана од BMW Серија 7 со сопствена интерпретација за Forwardism. BMW Серија 7 во текот на својата 45 годишна кариера се наметна како најпосакувана опција за купувачите на луксузните лимузини. Нејзината седма генерација се појавува на сцената како најнапредно и најиновативно возило во луксузниот сегмент со избор на бензински и дизел мотори, како и потполно електричен погон. BMW i7 воведува нова ера што се одликува со иновации во полето на одржливоста и дигитализацијата. Новиот BMW Серија 7 создава напредни начини за уживање во задоволството при возењето, поставува нови стандарди за удобност при патувања на долги релации и врвно дигитално искуство. Иновативните елементи, како што се Theatre Screen, iDrive, BMW Curved Display  и Manoeuvre Assistant за автоматско паркирање и маневрирање го нагласуваат прогресивниот карактер на луксузниот седан.

Тоа од надвор го најавуваат монолитниот дизајн на каросеријата и уникатно осветлената бубрежна решетка врамена со кристално чистите предни светла. Погонувана од два електромотори со системска моќност од 400 kW таа има автономија 625 km.

Уште по импресивен е новиот XM, израз на М моќта за прв пат електрифицирана. Лансиран како еден од носителите на одбележувањето на 50 годишнината на „најбрзата буква на светот“ покажува дека BMW M GmbH е подготвен да ги прифати сите предизвици, да ги зголеми перформансите, а воедно да биде еколошки прифатлив. Неговата појава скаменува и ги најавува можностите на ова спортско активно возило која претставува извонредна симбиоза на луксузот типичен за BMW и динамичноста по која е препознатлив M GmbH. Новоразвиениот M HYBRID погонски систем ја сочинува најсилната сериска изведба на перформансниот огранок на BMW.

Системската моќност од 550 kW/748 КС е добиена со комбинација на мотор со внатрешно согорување силен 585 коњи и електричен погонски систем со 145 kW. Прекрасниот настан во кого изобилуваше сé што претставува BMW ја разубави Новогодишната атмосфера. Во престојната 2023 овие два зашеметувчки новитети ќе дојдат во импортерскиот центар на М Кар.

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER