Мотоцентар – Подготовки за возење во зимскиот период

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

За безгрижна зима

Од денеска стапува во сила законската обврска за задолжително носење на зимска опрема во возилата.

Како дел од општествената одговорност која компанијата Мотоцентар ја спроведува во своето работење денеска ги потсетува сите возачи за како безгрижно да се поминат зимските месеци во сообраќајот. Овој период од годината се карактеризира со влажни коловози и намалени температури на воздухот, што неповолно влијае на безбедното одвивање на сообраќајот.

Ова може да резултира со намалена видливост, продолжување на сопирачкиот пат на возилото, деконцентрација на возачите и слично. Оптимално за зимските услови е користење на адекватни пневматици. Тие на ѕидот имаат ознака со снегулка и планини. Оние со ознака М+Ѕ не се зимски, па ќе морате со себе да носите и синџири за снег.

Законска обврска е во возилата задолжително да се носи зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март следната година. Покрај задолжителната зимска опрема, потребно е да се направи и зимска проверка на возилото која опфаќа проверка на антифризот, проверка на маслото во моторот, проверка на течноста за бришачите на ветробранското стакло, проверка на акумулаторот и притисокот во пневматиците.

Секогаш брзината прилагодувајте ја на условите на патот, одржувајте безбедно растојанието меѓу возилата, избегнувајте нагло сопирање или маневри со возилото. Почитувањето на овие совети, како и на законската обврска за носење на зимска опрема и проверка на возилото, придонесуваат за побезбедно учество во сообраќајот при неповолните временски услови во овој период и за намалување на бројот на сообраќајни незгоди.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER