Мистериозната кинеска „премиера“ на Tesla
Навистина не можевме да погодиме!
Објавено на 2 јуни 2019 година
Колку и да се трудевме, ќе бевме целосно на погрешен пат. И не само ние – секој што се обиде, згреши. Поинаку и не можеше – мистериозната премиера што Tesla ја најави за Кина испадна нешто сосема неочекувано, нешто што во ваков контекст може да го смисли само Елон Маск, а тоа е цената на локално произведениот Model 3 за овој пазар. Да, добро прочитавте, тоа беше „премиерата“ на Tesla. Ако ве интересира, таа изнесува 328.000 јуани односно 47.500 долари, што е за 7.000 долари помалку доколку возилото би се увезувало од САД. Првите испораки се очекуваат за 6 до 10 месеци.