Летни пневматици Nokian Powerproof и Wetproof :: Револуционерно уживање во возењето

Револуционерно уживање во возењето

Финскиот производител на пневматици Nokian Tyres подготви два нови иновативни производи за претстојното лето

Објавено на 3 април 2019 година

Nokian Powerproof и Wetproof се најсовремени летни пневматици наменети за земјите од Централна Европа кои веќе ги зазедоа водечките позиции во споредбените тестови на различни ревии и наскоро ќе се најдат во продажба. Променливите летни услови и различните површини на коловозот во Европа претставуваат предизвик за возачите. Температурните варијации од преку 40 степени меѓу студените пролетни денови и летната жега, со ненадејни дождови, бараат пневматици кои можат да се прилагодат на различните услови за возење. Новиот летен пневматик Nokian Powerproof дизајниран за брзо возење излегува на крај со сите облици што ги има летото. – Новиот Nokian Powerproof ми дава екстремно фантастичен одговор при управувањето. Токму тоа е карактеристика што се бара од квалитетните пневматици. Кога пневматикот ви пружа самодоверба во возењето, пружа и безбедност, вели Мика Хакинен, стручњак за брзина и двоен шампион во Формула 1, кој со своето искуство придонесе во тестирањето и развојот.

Екстремната стабилност и логичното управување пружат безгрижност, како при менувањето лента при големи брзини така и при ненадејно кочење. Контактната површина останува прецизна и точно одредена, како на мокри коловози така и на вжарен асфалт, а силната структура пружа издржливост. Големиот избор величини на овој UHP летен пневматик опфаќа 51 производ од 17 до 20 инчи во брзинските категории W (270 km/h) и Y (300 km/h). Пневматикот Nokian Powerproof доби оценка „Примерен” на германскиот тест на летни пневматици на ревијата AutoBild Allrad и го зазеде второто место. Оваа ревија ги пофали високите перформанси на Nokian Powerproof на сите површини, посебно извонредното управување во мокри услови. Во германската ревија Gute Fahrt Nokian Powerproof доби оценка „Препорака“ и го зазеде четвртото место. Коментарите  во ревијата го фалат чувството на контрола кое пневматикот го пружа на мокар пат. Истакнати се и другите карактеристики во влажни услови: врвните перформанси и стабилноста при кочење и управување на мокра подлога, доброто прилепување на влажна патека и добрата отпорност на пливање. Nokian Powerproof исто така ја доби ознаката за високи перформанси на пневматици што ја доделува независната организација за тестирање TÜV SÜD, што ги потврдува сестраноста и сеопфатните перформанси.

Возењето со Nokian Wetproof е безбедно и удобно дури и во дождливи денови

Кога уживаме во убавите сончеви денови лесно е да се заборави на опасностите кои демнат на патиштата под дожд. Ненадејните и силни врнежи можат да предизвикаат пливање на пневматиците, посебно ако на коловозот и во браздите на патиштата има многу вода. Новиот револуционерен пневматик Nokian Wetproof е непријател на пливањето на пневматиците. Најважните карактеристики на овој пневматик се одличната способност за кочење на мокра подлога и силната отпорност на пливање, што возењето го прави едноставно и угодно дури и во дождливи денови. Nokian Wetproof пружа стабилни перформанси на дожд и дополнителен комфор во лоши услови на патот. – Nokian Wetproof пружа најдобра можна комбинација на карактеристики на влажно и суво. Успеавме значително да ги подобриме прилепувањето на влажна површина и отпорноста на пливање, што значи дека на корисниците кои возат во влажни услови можеме да им пружиме поголема безбедност. Развојот траеше преку 4 години за кои го тестиравме на десетина различни прототипи ширум Европа, објаснува Јарно Ројтио, шеф за развој на производи во компанијата Nokian Tyres.

За пружање максимален комфор и првокласна безбедност, газечката површина на пневматиците е поделена на две функционални зони. Новата технологија која се нарекува двојна безбедносна зона пружа исклучителна комбинација на перформанси на суво и влажно. Зоната на стабилноста се наоѓа на надворешната страна на пневматикот и маневрирањето го прави едноставно и сигурно, пружајќи добра стабилност и управливост, додека зоната за неутрализирање на водата од внатрешната страна ги подобрува прилепувањето на влажна површина и отпорноста на пливање на пневматиците. Смесата Aqua Hybrid исто така пружа дополнителна безбедност по дождливо време. Оваа гумена смеса од новата генерација со напредни видови полимери и унапредена силикатна структура пружа извонредно прилепување на мокри површини и помала потрошувачка на гориво. Новиот Nokian Wetproof се нуди во брзински категории T (190km/h), H (210 km/h), V (240 km/h) и W (270 km/h), а широкиот опсег на величини покрива 46 артикли од 14 до 20 инчи.

Nokian Wetproof е победник на тестовите на Auto Motor und Sport и ACE Lenkrad

Оваа сезона Nokian Wetproof зазеде прво место на два важни теста на летни пневматици. На тестот на една од најголемите германски авто-мото ревии Auto Motor und Sport, Nokian Wetproof ги надмина врвните конкуренти на мокра подлога остварувајќи најдобри резултати на тестот за кочење на влажно. Пневматикот исто така доби пофалби за доверливо управување на суво и лесна контрола. На тестот на летни пневматици што го спроведе ревијата ACE во соработка со германската асоцијација за технички прегледи GTÜ и австриската организација ARBÖ, новиот Nokian Wetproof доби оценка „Најдобра препорака”. Пневматикот оствари најкраток пат на запирање на мокра подлога, го помина тестот на пливање на пневматиците и задржа скоро совршена бочна управливост на мокра подлога. Како што германската автомобилска ревија ACE истакна, називот „Wetproof“ (отпорен на влага) навистина потполно одговара бидејќи овој нов производ на компанијата Nokian Tyres поставува стандард за перформанси во влажни услови.

Како доказ за одличноста, Nokian Wetproof ја доби ознаката за високи перформанси TÜV Tire. Оваа ознака што ја доделува независната организација за тестирање TÜV SÜD потврдува дека Nokian Wetproof добро стои во споредба со врвните конкуренти кога е збор за квалитетот и перформансите.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER