Исто е, ама не е исто
Ако порано народот имаше предрасуди околу местото на производството на автомобилите поврзани со нивниот квалитет, сега тие се за безбедноста. Дека возилата за еден или друг пазар (поточно кажано регион) се разликуваат, тоа е јасно. Но прашањето е колку. На тоа се обиде да одговори Глобал НЦАП кој изврши краш-тест на два автомобила, навидум исти, од исти производител, но наменети за различни пазари каде на сила се различни стандарди за безбедноста. Првиот автомобил е Hyundai Accent за американскиот пазар кој се произведува во Мексико, а вториот Hyundai Grand i10 Sedan кој е наменет за мексиканскиот пазар но доаѓа од Индија. Иако заклучокот се наметнува сам по себе, сепак погледнете го видеото.