Кој е првиот југословенски автомобил?

Кој е првиот југословенски автомобил?

На ова прашање огромен дел како од топ ќе одговорат Zastava 101, но ќе згрешат

Објавено на 1 септември 2019 година

Богатата и разновидна историја на автомобилската индустрија на југословенските простори скоро целосно почива на лиценцно производство на возила од познати странски марки – оние од сопствена конструкција ги има премалку и затоа не треба да чуди што одговорот на прашањето од насловот, иако погрешен, ќе биде Zastava 101. Но далеку пред неа, благодарејќи на инаетливиот ентузијазам на словенечкиот претприемач со одлични инженерски вештини Јернеј Кожар, се има појавено првиот југословенски автомобил. Тој ги има направено првите скици за него уште во периодот меѓу 1938 и 1940 година, за да после втората светска војна на едно депо од запленети возила од окупаторот налета на воен јуришен камионет од марката Tatra, кој му се видел идеален за остварување на неговите желби. Од него ги има искористено само шасијата и моторот, а каросеријата и внатрешноста се целосно негово дело. Обликуван во спортски дух, овој кабриолет со должина од 4,1 метри, тежина од околу тон е регистриран во април 1948 година под официјален назив К2, што всушност е идентификацискиот број што отпадот го користел за неговиот чехословачки предок, додека самиот Кожар го има нарекувано Naš. Иако со атрактивен изглед и напредни дизајнерски решенија, времето бргу го има прегазено и откако има сменето неколку сопственици му се губи трагата некаде во Хрватска.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER