Колку чини пандемијата » FCA со загуба од 1,9 милијарди долари

Top News Вести Занимливости

Fiat Chrysler со загуба од 1,9 милијарди долари

Компанијата Fiat Chrysler во првиот квартал пријави енормна загуба

Објавено на 6 мај 2020 година

Објавувајќи дека на 18 мај ќе започне со производство во Америка, компанијата Fiat Chrysler пријави дека во првиот квартал годинава прокнижила загуба од 1,9 милијарди долари, односно 1,7 милијарди евра, како директна последица на пандемијата на коронавирусот. Помалку лошо звучат податоците за приходите од 22 милијарди долари, кои во споредба со истиот период лани се намалени за 16%. Тоа дава надеж дека со рестартирањето на производството некои работи бргу ќе се вратат во нормални води, посебно знаејќи дека ќе биде првата американска авто-компанија која ќе започне со производство. Тие можеби сакаа и порано да се случи тоа, но сериозен проблем им направи Мексико од каде набавуваат дел од компонентите, чии фабрики ќе останат затворени до 17 мај. Одлуката на FCA за отворање на погоните ја поздравија и синдикатите, напоменувајќи дека тоа мора да биде проследено со засилени мерки за заштита на работниците. Планови за лансирање на одложените нови модели засега не се споменуваат.

Главните приходи FCA ги остварува во САД, каде во првиот квартал продажбата падна за 10 отсто. Во остатокот од светот, пак, испораките се намалија за двојно повеќе. Дел од загубите ќе се покријат со намалувањето на трошоците, најмногу со кратење на платите. Сепак директорот на компанијата Мајк Менли вели дека кога сите фабрики би биле затворени, трошоците за плати би биле помали за 50 отсто. Според аналитичарите на пазарот, возилата на FCA во САД се продаваат по просечна цена која надминува 40.000 долари, но и просечен попуст од 5.000 долари, поголем за 12 отсто од пред пандемијата.

клучни зборови: