Колкави ќе бидат новите цени на горивата?

Македонија

Колкави ќе бидат новите цени на горивата?

Објавено на 22 јуни 2020 година

Денеска регулаторната комисија за енергетика ќе ги објави новите цени на горивата кај нас. Сите се прашуваме – колкави ќе бидат? Тие, како што знаеме, зависат исклучиво од берзанската цена на нафтените деривати и курсот на доларот. Се пресметуваат според правилникот за формирање на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, во кој со навидум сложена формула прецизно е објаснето како се добиваат. Цената на суровата нафта директно не влијае на цените на горивата кај нас, но сепак нафтените деривати на светскиот пазар ги следат нејзините движења. А таа во последно време полека се стабилизира некаде меѓу 35 и 40 долари за барел, со тенденција на пораст во последната недела. Високи вредности имаше и неделата пред тоа, заради што не би требало да се изненадиме ако од утре плаќаме повеќе за горивата кај нас. Сепак, да ја почекаме регулаторната комисија за енергетика да си го каже своето.