Кои се најпопуларните бои на автомобили » Сивата води!

Занимливости

Сивата води!

Објавено на 5 февруари 2020 година

Изборот се чини теоретски бесконечен, но сепак на пазарот некои бои на автомобили се издвојуваат како доминантни. Според податоците на производителите и продавачите на автомобили во Велика Британија, ланската година најпопуларна повторно била сивата боја а веднаш зад неа црната и белата. Се наведува дека дури 60 отсто од купувачите го избрале својот нов автомобил во една од овие три бои. За тоа сепак не се заслужни само трендовите, туку и самите производители кои ја ограничуваат понудата. На пример големиот BMW серија 7 се нуди во 12 бои, од кои 9 се нијанси на сива, црна или бела. Сребрената која со децении беше главен избор веќе не е на врвот, а место неа се пробија сината, жолтата и тиркизната. Топ 10 листата на најпопуларни бои на автомобили во Британија ја дополнуваат уште црвената, портокаловата и зелената.