Класиката се враќа во мода!

Сé повеќе ЕВ добиваат класично обликувани каросерии. Седаните, караваните и комбињата го возвраќаат ударот

Иако силно најавувана, револуцијата во формите на каросериите, што требаа да ја предводат електричните возила, не се случи. Водени од новите технологии дизајнерите сакаа да произведат футуристички форми на каросеријата, во што не успеаа.

VW Sedric

Очекувањата беа дека благодарение на сендвич конструкцијата, новите технички решенија и помалите електрични мотори ќе се пробијат целосно нови облици. Едноставно купувачите не го прифатија тој тренд онака како што беше очекувано и повеќето храбри дизајни останаа само да се прикажуваат како концепти и ќе завршат во депоата на фабриките.

Urban Modular Vehicle People-Mover

Најдобар пример за тоа се VW Sedric или Urban Modular Vehicle (UMV) од Германскиот аеро вселенски центар. Како што стојат работите, класиката повторно се враќа во мода. Повеќе од јасно е дека купувачите претпочитаат ЕВ да не се разликуваат драстично од оние со мотори на согорување. Таа порака навремено ја примија производителите и се вратија на стариот дизајнерски курс.

Peugeot Е-3008

Тоа го покажуваат новите модели што се претставени минатата година и концептите кои допрва ќе влезат во производство. Наместо револуција се случува еволуција. Нема знаци за отстапување од класичните тела и пропорции. Едноставно, класичните мотори се заменети со електрични додека дизајнерите се поигруваат со маските, светлосните групи и внатрешното уредување во кое доминираат екраните.

Renault-5-E-Tech

Тоа се забележува кај групацијата Stellantis, но ништо поинаку не е ниту кај Renault и марките од далечниот исток кои  продолжуваат да ги следат класичните модели. Дури се забележува трендот на враќање на формите на каросериите кои беа исфрлени од репертоарот со зголемувањето на популарноста на кросоверите. Ваквата перцепција се однесува на лимузините или седаните кои беа потполно заборавени во Европа, па сега се враќаат повторно во игра.

Hyundai Ioniq 6

Особено со ЕВ бидејќи нивната аеродинамична форма во голема мерка допринесува во зголемувањето на толку посакуваната автономија. Таков пример дава Hyundai Ioniq 6. Благодарение на извонредниот коефициент на отпор од 0,21, има автономија до 614 километри, над 100 километри повеќе од неговиот технички идентичен модел, кросоверот Ioniq 5, со истиот погон и конфигурација на батеријата.

BMW i7

Такви примери се забележливи и кај европските премиум марки. BMW за моделите i4, i7 и i5 како електрична адаптација на адекватните серии обезбеди подобра аеродинамика од донаторите. Истото се случи кај Mercedes EQS, модел кој е само електрична верзија на S Class, има подобра аеродинамика од неа.

Mercedes Benz EQE

Истото важи и за помалиот EQE како електричен пандан на E-Class. Истиот тренд се забележува кај марките со широка ореинтација благодарение на електричниот бум и борбата за подолем опсег со едно полнење. VW му вдахнува нов живот на Passat со ID 7, а Opel има визија за претстојната Insignia со неодамна претставената студија Experimental.

VW ID.7

Покрај енергетски поволната седан каросерија, дури и караванот повторно влегува во мода. Особено ценет кај флотните купувачи, караванот нуди слично ниво на простор и варијабилност како кај кросоверите, но дава далеку подобра аеродинамика. Сега може да се нарачаат Opel Astra Sports Tourer Electric и Peugeot e-308 SW, како и Nio ET5 Touring.

Opel Astra Electric

Следната година германските премиум производители сакаат да го следат примерот со електричните каравански деривати на BMW i5 и Audi A6 e-tron. Зборувајќи за просторот, претпазливо но сигурно, комбињата или многу наменските возила се враќаат на пазарот. Од еден од најпопуларните каросериски стилови во сите големини и варијанти во 90-тите и раните 2000-ти, тие станаа ирелевантни со подемот на кросоверите.

VW ID Buzz

Иако на прв поглед се спротивни на аеродинамичкиот тренд генериран од е-мобилноста, тие всушност имаат врска со технолошката трансформација. Покрај електрифицираните верзии на традиционалните модели како што се Mercedes EQV, Opel Zafira-e Life или VW ID Buzz како и помалите комби каросерии со висок покрив Mercedes EQT, Renault Kangoo E-Tech или Fiat E-Doblò, тие се се враќа во форма на кросовери со седум седишта.

KIA EV9

Истиот тренд се забележува и кај далекуисточните марки со акцент на луксузот и разгалување на патниците. Тоа се Kia EV9, модел долг преку пет метри, широк речиси два метри и висок 1,78 метри. Новиот корејски предводник со три реда седишта може да се користи како превозник на патници или багаж.

Volvo EM90

Па дури и Volvo, кој важеше за  „караван бренд“ во времето на моторите со согорување, сега го лансира EM 90, првот комбе во историјата на компанијата, иако засега само во Кина. Исто така, Lexus попознат по своите луксузни седани и теренци, се фокусира на 5,13 метри долгото луксузно комбе LM.

Lexus LM

И Кинезите сигурно ќе играат голема улога во овој сегмент. BYD го претстави луксузното комбе Denza D9 на последната смотра во Минхен, а веќе присутен на Стариот континент е Maxus Mifa 9 кој е суб бренд на најголемиот кинески производител SAIC и има конфигурација на седење 2-2-3.

Denza D9

По сличен пат тргна и Škoda со студијата Vision 7S која покажува  концепт до каде би можела да оди чешката подружница на VW во ова поле. Засега нема цврсти повратни информации од пазарот каква е климата за ваквите возила бидејќи споменатите модели се во пелени, а познато е дека нема да бидаат евтини.

Skoda Vision 7S

Но, едно е јасно. Враќањето на класичните форми на каросерии не може да се занемари и допрва ќе земаат замав.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER