Карлос Гон пред ново обвинение

Карлос Гон пред ново обвинение

Јапонците не го оставаат на раат бившиот шеф на алијансата Renault-Nissan

објавено на 22 април 2019 година

Откако пред кратко време повторно го уапсија, јапонските власти покренаа ново обвинение против довчерашниот прв човек на Nissan Карлос Гон. Овојпат освен за стопански криминал, тој ќе биде гонет и за тешко кршење на довербата во работењето и незаконско богатење кое и онака високата лична сметка (тој годишно заработуваше 17 милиони долари) му ја има дополнето со уште пет милиони долари на штета на компанијата што ја предводеше. Вакво нешто беше очекувано бидејќи новоодредениот притвор на Гон му истекува денеска, а според јапонското кривично право постојат ограничени можности за негово продолжување, така што единствен начин властите да го задржат под свој надзор е покренување ново обвинение според некој друг член на нивните закони.

После првото апсење Гон проведе во истражниот затвор 108 дена, а беше пуштен со кауција од девет милиони долари на почетокот на март. Тој секако ги негираше сите обвиненија против него, додека тимот што го брани потсетуваше дека пред 20 години беше прогласен за спасител на Nissan. Карлос Гон од водечката позиција на Nissan, Renault и Mitsubishi беше сменет после апсењето бидејќи аферата ја загрози стабилноста на сојузот на авто-производителите кој тој го обмисли и спроведе во дело. Последното обвинение го товари за трансфер на Nissan-ови пари во Оман за тамошниот трговец со автомобили, од каде тие понатаму биле проследени на фирма во Либан која е како што се тврди, под негов надзор. Потсетуваме, Гон има мешано француско-либанско потекло, а е роден во Бразил. Според досегашните вести приказната нема тука да запре бидејќи се спорни и 27 милиони долари проследени по налог на Гон во САД на фирми поврзани со неговиот син.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER