Каргомакс – Две причини за големо славје, 50 години Iveco и 18 години партнерство

Каргомакс, застапникот на Iveco за Македонија и Косово, во својот продажно-сервисен центар го одбележа големиот јубилеј на принципалот и своето полнолетство во работењето со него

Каргомакс, партнерот на Iveco во Македонија и Косово, со голема прослава одбележа два значајни јубилеи.

Годинава Iveco прославува 50 години од постоењето. За овие пет децении компанијата се етаблира како лидер во иновациите и напредокот во светската транспортна индустрија. Тоа е постигнато со посветеност кон квалитетот, технолошкиот развој и решенија што ја движат економијата на целиот свет.

Каргомакс како официјален застапник за Iveco во Македонија и Косово, со гордост ги спроведува и негува зададените постулати веќе 18 години.

Од 2007 година, Каргомакс успешно ја гради приказната за Iveco  формирајќи цврста платформа за развој на современи транспортни решенија во нашата земја, 24 часовна поддршка на своите клиенти, високо обучен кадар за севисирање и одржување на купените возила, достигнувања признаени од принципалот.

Секако дека тука Каргомакс не застанува и продолжува да ги следи и развива врвните стандарди наметнати од Iveco.

Директорот на Каргомакс, Борче Ацовски, истакна колку е важно постојаното инвестирање во односите со клиентите и развојот на нови пазари, вклучувајќи го и Косово, каде што веќе активно компанијата е присутна и ја проширува мрежата.

Признание за посветеното работење на Каргомакс пристигна и од Милош Лаловиќ, директор за продажба на Iveco за Југоисточна Европа, кој нагласи дека Каргомакс е пример за посветен и стабилен партнер со силна визија и долгорочна ориентација кон клиентите.

Настанот продолжи во неформален дух со претставување на новата Iveco флота модерни и ефикасни модели подготвени да одговорат на предизвиците на иднината.

А за тие предизвици Каргомакс е подготвен бидејќи секојдневно се докажува не само како застапник на Iveco, туку и како партнер што разбира, советува и нуди комплетна поддршка на своите бројни клиенти во Македонија и во Косово.

Присутноста на двата пазари се темели на долгорочни партнерства, брз сервис и достапност за потребите на клиентите.

Ориентацијата на Каргомакс е да го следи перманентниот прогрес на Iveco и заедно со своите клиенти да бележат раст во работењето. Во остварувањето на своите цели се темели на стручно оспособен и едуциран кадар. Од нас останува на нашите пријатели од Каргомакс и Iveco да им посакаме оваа успешна прикаска и понатаму да расте и да бидеме сведоци на уште многу јубилеи.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER