Кои беа главните трендови во веќе изминатата 2023 и што тие би можеле да значат за во иднина?
Во 2023 година автомобилската индустрија излезе од еден од најпредизвикувачките периоди во нејзината историја. Пандемијата заврши, но останаа предизвиците во ланецот на снабдување, се зголемија инвестициите во нови технологии, трендот на одржливи погони се забрзува, навиките во користењето на возилата се менуваат и делуваат како катализатор за неверојатни иновации.
И покрај економските предизвици, глобалната продажба на возила забележа скромен раст лани. На најголемите светски пазари регистрациите на нови возила се зголемија за 11%. Првично, ова зголемување се должи на олеснување на проблемите во синџирот на снабдување, но побарувачката за нови автомобили продолжи, иако во голема мерка беше поттикната од флотната продажба. Забележливо е зголемувањето на продажбата на БЕВ, кое кај приватните купувачи можеби не е толку силно како што се очекуваше.
Во ЕУ, на пример, приватните клиенти сочинуваат 36 отсто од продажбата на спортско корисни возила и на БЕВ, а стапката на лизинг е повисока за 300 евра на месечно ниво помеѓу возилата со мотори на согорување и електричните возила. Забележлив е пробивот на нови и пофлексибилни услуги. Некои потрошувачи се оддалечуваат од традиционалната сопственост на автомобили во корист на „претплатни услуги“ и заедничка мобилност што им овозможува да си ја постигнат потребата за мобилност без никаква обврска. Додека се во повој, зголемената популарност на овие краткорочни закупи нагласува колку е важно да се биде свесен за опциите за месечна сума пари која се одвојува за автомобил.
Интересно за следење во штотуку започнатата година ќе биде како производителите на автомобили ќе ги балансираат високите трошоци поврзани со развојот на БЕВ со конкурентни цени и пакети за претплата? И покрај тоа што цените остануваат претерани за многу потрошувачи, производителите на автомобили продолжуваат да инвестираат во нови и одржливи технологии и да користат маркетиншки алати за да ги истакнат нивните зелени акредитиви. Иако моторите со согорување остануваат најпопуларни досега, нивниот удел во волуменот е намален, а алтернативните погонски единици сега сочинуваат повеќе од 35 проценти од глобалниот волумен на производителите на автомобили.
Последователниот раст е под силно влијание на неколку гео-политички одлуки. Воведувањето на Законот за намалување на инфлацијата во САД во 2022 помогна да се поддржи општа промена на насоката на пазарот. Слично на тоа, крајниот рок за нулта емисии на издувни гасови во ЕУ до 2030 година наложува преминување кон електричните возила и ќе биде во фокусот на производителите на автомобили. Во 2023 година, моделот Y на Tesla се покажа неверојатно добро во Европа и САД. Всушност, се очекува тој да биде најпродаваниот автомобил во светот во 2023 годината.
Тоа е поттикнато од контроверзните намалувања на неговата цена, како и од фокусот на марката на иновациите. Додека лидерот на пазарот на БЕВ ја задржа својата позиција во текот на 2023 година, неколку нови марки на ЕВ сега се жешки, вклучувајќи го кинескиот производител на автомобили BYD. Во текот на последното петолетие кинеските производители станаа етаблирани играчи во индустријата, постигнаа брз напредок, нудејќи прифатливи електрични возила со пониски цени. Во првата половина на 2023 година, просечната малопродажна цена на електричен автомобил во Кина беше помалку од половина од цените забележани во ЕУ и САД, а оваа разлика веројатно нема да се намали.
Од 235 модли на БЕВ достапни во Кина, во споменатиот период, само 23 проценти беа со цена над 40.000 евра. Кинеските производители на автомобили, исто така, се фокусирани на извоз на пазарите во развој, што претставува повеќе четвртина од продажбата на БЕВ во Русија, Тајланд, Бразил и многу други. Ниските цени на кинеските возила веќе претставуваат предизвик за етаблираните производители на автомобили од запад, особено кога станува збор за БЕВ и технологиите во возилата.
Иновациите во внатрешноста продолжија да се развиваат оваа година. Општ тренд во индустријата е возилата да имаат што поголеми екрани, а инфозабавните системи да стануваат пофункционални и покомплексни. Вградените кориснички интерфејси за инфозабава, подобрувањето на 3D приказите и технологијата за откривање објекти во далечина и намалени услови на гледање стануваат составен дел од модерните автомобили. Со други зборови, индустријата се бори технологијата да ги направи нашите возила побезбедни и позабавни.
Иако постои интерес на купувачите за заоблените екрани и зголемената виртуелна реалност, овие технологии се тесно поврзани со порастот на автономното возење и активните системи за помош при возењето. За 2024 година индустриските аналитичари прогнозираат дека глобалниот автомобилски пазар ќе се прошири, но постојат реални ризици. Каматните стапки остануваат високи, а потрошувачката е бавна, особено кар приватните купувачи. Производителите на автомобили ќе се трудат да ги заштитат своите приходи, а истовремено да ги забрзаат многу потребните инвестиции во модерни технологии.
Фокусот е на креирање деловни модели кои ја поддржуваат транзицијата кон алтернативни погонски единици, нови модели на сопственост и иновативна технологија. Темпото на промени е значително, со изразен притисок да се одговори на трендовите на пазарот. Во САД, Европа и Кина, трите најголеми пазари на автомобили, ќе продолжи силната конкурентност и борба во понудата на квалитет и цени. Дали кинеските производители на автомобили ќе можат да го зголемат пробивот на западните пазари допрва ќе се види, но можеме да бидеме сигурни дека транзицијата кон електричните возила ќе продолжи да напредува и да се зголемува во 2024 година.