Историски најниски цени на бензинот кај нас

Top News Занимливости Македонија

Историски најниски цени на бензинот кај нас

Објавено на 24 март 2020 година

Намалувањето на цените на бензинот што оваа и минатата недела го направи регулаторната комисија за енергетика на Македонија го донесе на историски најниско ниво откако овој вид горива е воведен кај нас. Претходно тој беше најевтин во последната недела на февруари и првата недела на март 2016-та година, кога литар еуросупер БС-95 чинеше 55 денари. Неговата цена сега изнесува 49,50, а минатата недела беше 54,50 денари. За војна на вистината, горивата порано беа и уште поевтини но сепак се работеше за деривати со други стандарди неспоредливи со сегашните ниту по квалитетот, ниту по производствената цена. Дизелот пак најевтин беше при крајот на јануари и почетокот на февруари истата година, кога литар чинеше 39 денари. Со оглед дека во меѓувреме се смени неговата акциза која порасна за 3 денари, однос со ДДВ за уште 18%, неговата цена сега би изнесувала 42 денари. Дали идната недела и тој ќе падне под својот историски минимум тешко е да се каже, со оглед на непредвидливоста на движењето на цените на суровата нафта на светскиот пазар. Ние сепак не би се надевале на тоа.