Интервју – Оливие Франсоа, главен извршен директор на FIAT

За нашиот денешен соговорник може многу да се каже. Функциите што ги обавува, главен извршен директор на FIAT и главен маркетинг директор на групацијата Stellantis, кажуваат сами за себе. Веќе 12 години е на чело на италијанската компанија и сведок е на две епохи, на групацијата FCA и сега на Stellantis. Со него разговаравме за иднината на FIAT и добивме интересни видувања.

АБ: Изгледа дека FIAT се буди од долгиот сон. Долго време компанијата се потпираше само на неколку производи, моделите 500, Panda и Tipo.

ОФ: Тоа е точно. Ние практично го спасивме Chrysler. Очигледно, моравме да бидеме многу штедливи со нови производи за да ги задржиме сите ресурси и да ја потхраниме потребата за повторно започнување на американските активности. Сега, влегуваме во постимулативна фаза. Stellantis групата ни овозможува да се вратиме во игра, имаме долгорочен план за производи. На 11 јули вгодина FIAT ја прославува својата 125-годишнина која ќе биде со нови производи.

АБ: Што значи тоа?

ОФ:  Благодарение на Stellantis имаме пристап до повеќе инвестиции во ресурси и синергии, така што Topolino и новиот 600 се само двата први плодови на оваа нова ера. Во денешни услови немате иднина доколку самите не ја обликувате својата иднина со сегашните постапки. Допрва доаѓаат офанзиви на производи, бевме многу стимулирани да го направиме FIAT попрофитабилен и поглобален од кога било, бидејќи сакав да бидам што е можно попривлечен за Stellantis. Сакам тоа да биде бренд што вреди да се инвестира во него. Видете, јас сум многу горд што можам да известам дека FIAT стана број еден во Stellantis по обем. FIAT води на три главни пазари, го отвораме четвртиот. Најголем пазар е Бразил, потоа следат Италија и Турција. Имаме нов влез оваа година со многу голем пазар, потенцијално 80.000 автомобили годишно со Алжир. Така, гледате, Турција и Алжир се Блискиот Исток и Африка, Бразил е Јужна Америка, Италија е Европа, па затоа е многу исклучително да се биде силен во три различни региони во светот. Повеќето други брендови тврдат дека се глобални затоа што да, имаат присуство насекаде, но тие се регионални. Тие ја имаат продажбата, имаат еден пазар, генерално домашниот пазар, кој го продава најголемиот дел од обемот генерално 60 или 70 проценти.

АБ: Каков е планот да го одржите и зголемиот вашиот удел на глобалниот пазар?

ОФ: Најпродавани се Tipo, Strada и Panda. Panda е во Италија, Strada во Бразил, а Tipo е во Турција. FIAT сака да се фокусира на едноставноста и релевантноста. Едноставен бренд, радосен и релевантен – правиме работи, барем се трудиме, да правиме работи, што имаат смисла за луѓето и тоа е успех. Значи, моделот 600 мислам дека е приказна за релевантност и едноставност. Прво, тоа е првиот Fiat изграден на платформата Stellantis и е добра платформа. Мислам дека знаете дека тоа е платформа која веќе двапати ја освои автомобилот годината со Avenger со Peugeot 208 и користиме еволуција. Ние сме првите што го искористивме ECMP за еволуција. Значи, CMP е мулти-енергетска платформа. На некои пазари транзицијата на електричен погон се движи побавно отколку на други. Сакавме да ја исполниме нашата посветеност да ја водиме електричната транзиција во Европа.

АБ: Дали тоа значи дека дигате раце од моторите на согорување?

ОФ: Ние се држиме до нашата стратегија. Сакаме да бидеме прогресивни и отворени. Ние во основа имаме хибрид, но фокусот е на ЕВ. На располагање ни е погонот од 156 коњски сили, една батерија со големина од 54 киловати часови, што испорачува повеќе од 400 километри WLTP. Потоа го имаме хибридот кој е опремен со технологија MHCV P2 48 волти, и затоа е електричен мотор помеѓу моторот и менувачот, тоа е она што го нарекуваме P2. Тој може да испорача вистински електричен погон и да се префрли на електричен режим повеќе од 50% од употребата во урбани услови. Тоа ќе биде првиот хибрид за многу луѓе, многу домаќинства. Јас сум свесен дека ако понудиме само мотор со согорување, веројатно ќе продадеме многу повеќе, но сакаме луѓето да се запознаат со електрификацијата.

АБ: Во новите модели 500 и 600 ја апострофирате „црвенилото“…

ОФ: Верзиите се нарекуваат црвени не само затоа што бојата на лансирањето е црвена, туку затоа што се придружуваме на филозофијата на црвената организација која е рака на Глобалниот фонд на Обединетите нации. Решивме дека FIAT ќе биде, започнувајќи со 500-ката, социјално свесен и тоа ќе биде влезното ниво, знаете. Најпристапната верзија, па оттука и најсоцијалната, па ми се допаѓа што имаме црвена верзија која е добра за планетата затоа што е електрична и добра за луѓето, затоа што се бори со пандемии и обезбедува грижа и превенција за сите. Сега, што има да понуди 600? Долче Вита, што е многу италијанска филозофија или начин на живот за поубав живот. Значи, сакаме да пружиме поголем простор, зголемена автономија, ви кажав 400 дури и 600 километри, сакавме да биде супер удобно возило за пет лица, го сакавме најдоброто од класата, внатрешен склад, голем багажник… Не штедевме на технологија, така што FIAT 600 е преполн со сите најсовремени безбедносни и асистентски функции, масажа за возачкото седиште, влез без клуч, зголемена одржливост. Одржливоста е толку важна, така што повеќе од 91% од ткаенините потекнуваат од рециклирани материјали. Да резимирам. Имаме зголемен опсег, зголемен простор, зголемена технологија, зголемена одржливост.

АБ: Дали тоа ќе значи смалување на цените на возилата?

ОФ: Ја знаете стратегијата за цени. Значи, сакаме да зборуваме за пари. Очигледно, автомобилите се ужасно скапи, електрификацијата е многу скапа, не можам да негирам. Ова е причината зошто јас сум целосно фокусиран на следните производи. За FIAT 600 хибридната верзија ќе биде под 20.000 евра, а електричната мора да остане под 30.000 евра. Ќе кажете 20.000 евра се многу пари, но сепак разумно. Тоа е автомобил широко надграден во споредба со старите Б сегменти од минатото. Ние сме момците кои го направија Punto и не забораваме од каде доаѓаме, одлични автомобили од Б сегментот. Ова не е ново Punto, тоа е најдоброто од двата света, знаете, сегментот Б и сегментот на корисни возила и го има најдоброто од електрификацијата. Значи, ова е она што се обидуваме да го направиме со него.

АБ: Каква е вашата перспектива за патување до 2035 година, овој процес на декарбонизација од една страна и процес на електрификација? Како гледате на овие два тренда до 2035 година?

ОФ: Да, мислам дека тоа е потврда дека колективно сме во најпредизвикувачкиот бизнис во светот, нема ништо попредизвикувачки од мобилноста затоа што на сите им треба. Поминавме низ Ковид, недостиг на електронски делови, недостиг на суровини, инфлацијата која е еден од најголемите проблеми како што знаете, социјални бунтови поради последиците од инфлацијата и слично. Започнавме со голем идеал да го направиме светот на мобилноста и светот, генерално, подобар со одење и пионерство во електричниот погон и не се предомислуваме. Но резултатите од недостигот на суровини, недостигот на батерии, инфлацијата и тензијата на социјалата, би рекол, општественото тело на Европа и светот генерално е такво што луѓето се помалку подготвени од кога било да купат електрични автомобили. Проблемот е што ЕВ од една страна се поскапи од кога било како резултат на инфлација, и цената на батериите и суровините, а од друга страна, луѓето се навистина крајно загрижени за иднината и за нивната куповна моќ, но ние треба храбро да нудиме ЕВ бидејќи знаеме дека светот е во ризик ако не започнеме силно со процесот на декарбонизација. Сето ова создава луди тензии и јас би сакал да видам како владите ќе ја поддржат електрификацијата. Верувам во електричниот погон, мислам дека нема друг начин.

АБ: Дали на FIAT 600 ќе ја користите нова архитектура Smart Car, она што го видовме на електричниот Citroen C3? Дали ќе имате корист од вашиот нов кинески партнер Leapmotor? 500е сè уште е единствениот автомобил во групата Stellantis, сите други имаат заеднички платформи. Дали ова ќе остане вака?

ОФ: – Три неверојатни прашања. Така, наложено ми е да не одговарам на ниту еден од нив, но сепак ќе одговорам, ќе дадам се од себе. Значи, првото прашање беше за платформата за паметни автомобили и одговорот е да. Ќе ја користиме таа платформа. Мислам дека има толку многу смисла. Треба да ја заштитиме вредноста. Во тек е офанзива на кинески возила во Европа. Ние ги изработуваме нашите автомобили во Европа и ги плаќавме нашите работници во евра. Очигледно има толку многу синергии што може да ги реализирате помеѓу Citroen и FIAT и првата од нив ќе биде оваа прекрасна платформа која е многу штедлива, но може да испорача добри автомобили. Значи, одговорот е да, момци не ме измачувааjтe. Навистина зборував премногу, ќе добијам отказ.Второто прашање беше за соработката со Leapmotor. Многу рано е да се одговори. Моја надеж и сега ќе зборувам само како Оливие, мислам дека тоа е прво многу паметна операција. Веројатно во одреден момент ќе биде препознаено како вистински генијален потег од Карлос Тавареш. На мое поскромно ниво, како извршен директор на FIAT, ќе бидеме подготвени да научиме од нив затоа што едно е да се каже дека имаат помали трошоци за работна сила, но веројатно има многу добри работи што можеме да ги научиме за правење нескапи електрични автомобили. Последното прашање што го поставивте за Fiat 500, знаете, автомобилскиот свет одлучи дека сегментот ќе умре затоа што, врз основа на многу логично размислување. Батериите се толку скапи. Ако вградите батерија од 10 000 евра во автомобил од 85.000, луѓето ќе го сварат тос. Ако го фрлите тоа во автомобил од 10.000 евра, само ја удвојувате цената. Поради оваа причина сите го запреа сегментот А.

Имам многу среќа затоа што можев да кажам дека не можеме да го запреме сегментот А затоа што во сегментот А имаме еден автомобил што ја дефинира ДНК-та на FIAT, па затоа е 500 не може да го згаснете, ќе има нова приказна, ќе живее вечно, по мене. Тоа беше изводливо поради сопствената платформа, така што проблемот е што засега е забавно што го имаме само тој производ на платформата, но го имаме. И што откриваме? откриваме дека сега луѓето, тие сè уште сакаат автомобили од сегментот. Да, цената на батериите ќе се намали на долг период па ќе имаме одличен автомобил, со одлична вредност, по одлична цена. Значи, ќе го задржиме, ќе го задржиме ова, ќе продолжиме да ја развиваме платформата и да се обидуваме да го извлечеме најдоброто од неа, а тоа е платформа која беше само електрична, уникатна платформа. Во рамките на групата Stellantis, брендот што најмногу одговара за А-сегментот е FIAT.

АБ: Колку долго планирате да ги задржите во производство вашите хибриди и што е со приклучните хибриди?

ОФ:Приклучните хибриди се добри за DS, но помалку се добри за FIAT од очигледни причини. Тие се многу скапи, тоа се возила со два мотори. Значи, чувствувам дека во одреден момент ќе дојдеме до евтин приклучен хибрид што е моја заложба и тоа е мојот предизвик. Ќе лансираме куп нови автомобили со електричен погон и благ хибрид. Засега она што е предизвик за очекуваниот животен век на автомобилите се безбедносните прописи. Ова ќе доведе до крај на животот на многу автомобили во нашата гама или други, бидејќи тоа е следното нешто што доаѓа и е многу фрустрирачки. За сега благите хибриди добро живеат со Регулацијата на CO2, па мислам дека ова ќе помогне да дојде до помазна транзиција.

АБ: Денеска зборуваме за мали автомобили. Можете ли да споделите некои информации за новата Panda и особено: дали ќе биде само електрична или како што споменавте можеби е хибридна?

ОФ: Зборував премногу, а вие може да претпоставите дека ќе биде и хибридна и електрична. Во основа се обидуваме да останеме релевантни за она што е важно за луѓето во Европа. Ќе одиме на струја колку што можеме затоа што веруваме во тоа и ќе се заложиме за тоа. Има земји, како што е Италија, каде помалку од четири проценти отпаѓа на продажбата на ЕВ, така што секој ден се потсетувам дека електричната енергија не е целосно подготвена да се соочи со европскиот свет. Ќе се обидеме да го насочиме електричното онаму каде што електричното има смисла и хибридното каде што електричното нема смисла. Тогаш сè ќе биде достапно при лансирањето, кога како тоа не можам да дознаам во детали, ќе треба да почекате уште неколку месеци за тоа.

АБ: Дали брендот FIAT нема рок кога сите модели ќе бидат само електрични, како што тоа го направија Peugeot или многу други марки?

ОФ: Идејата беше да се електрифицираме што е можно побрзо бидејќи немавме ништо наелектризирано. Така, од ниту еден хибриден сите модели станаа хибридни и сите модели ни станаа електрични.

АБ: Би сакале да дознаеме повеќе за новата Panda, би сакале да знаеме сè за неа…

ОФ: Знам дека е фрустрирачки. Би сакал да ви кажам сè, можеби во одреден момент можеме да организираме за вас момци запознавање со Panda, но под ембарго, без да споделувате ништо. Panda е столб на нашиот италијански бизнис, така што очигледно, ако некогаш се планира нова Panda, ќе мораме да ја сфатиме многу сериозно, но тоа ќе биде за друг пат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER