Идниот McLaren P1 нема да биде електричен

Занимливости Поглед во иднината

Идниот McLaren P1 нема да биде електричен

Објавено на 16 април 2020 година

Наследникот на McLaren P1 кој се очекува да пристигне во 2024 година ќе има хибриден, а не електричен погон. Тоа недвосмислено јасно го потврди директорот на компанија Мајк Флевит кој изјави дека McLaren ќе продолжи да прави мотори со внатрешно согорување уште многу години, можеби дури 20 или 30, бидејќи сметаат дека времињата што доаѓаат сé уште не се соодветни за да развиваат чисто електричен хиперавтомобил. Тој искрено потврдувајќи дека му се допаѓаат електричните автомобили, како пример го наведе 765LT за кој кажа дека да беше електричен, после можеби 30 минути возење на патека ќе требаше да се полни сé до наредниот ден. Но, британската влада неодамна објави дека ќе се забрани продажбата на сите бензински, дизел и хибридни возила од 2035 година, префрлајќи го целиот нов пазар на автомобили во земјата на возила со електричен и водороден погон. За тоа Флевит кажа дека McLaren ќе се придружи на другите производители на автомобили во лобирањето хибридите да бидат исклучени од овие нови закони, како и тоа дека без оглед дали нивните напори за тоа се покажат како плодни или не, постојат други важни глобални пазари на кои и понатаму ќе се нудат хибридни возила. Според него, клучно за сé е да им се дозволи на електричните возила со различна брзина да освојуваат различни пазарни сегменти.

 

клучни зборови: ,