Зошто горивата поевтинија?
Објавено на 10 јуни 2019 година
Од утре, како што одлучи регулаторната комисија за енергетика, за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 66,50 денари, за литар од еуросупер БС-98 по 69, а за литар еуродизел Д-Е В по рамно 60 денари. Тоа е во просек за 4,18% помалку во однос на досегашната цена, односно кај бензините за 3, а кај дизелот за 2,50 денари поевтино за литар. Според пресметката на регулаторната комисија за енергетика до тоа е дојдено како директна последица на намалувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период кај бензинот во просек за 9,39% и кај дизелот за 7,92%, како и поевтинувањето на доларот за 0,402%.