Зонското паркирање се прелева и во Карпош

Top News Македонија

Зонското паркирање се прелева и во Карпош

Објавено на 30 јануари 2020 година

Општина Карпош започна со анкетирање на своите граѓани дали се за воведување зонско паркирање. Анкетата веќе стартуваше во Карпош 1 а ќе продолжи и во Карпош 2, при што тимови од општината, со легитимација и анкетен лист, ќе ги посетат сите домаќинства за да се изјаснат за иницијативата. Предлогот е да се воведе зонско паркирање при што жителите на Карпош би можеле бесплатно да паркираат до три сопствени возила. Организацијата и спроведувањето на евентуалната одлука за воведување зонско паркирање во Карпош ќе биде доверена на јавното претпријатие Градски паркинг. Во информацијата на општината не се споменува дали зонското паркирање би било воведено само на критичните локации, или пак на целата територија опфатена со анкетирањето. Исто така не се споменува ни како би било решено паркирањето на возилата на деловните субјекти кои имаат простории на опфатената територијата, ниту пак кога би се спровела евентуалната одлука за воведување зонско паркирање.