За Porsche Taycan 30.000 резервации (со видео)

Top News Занимливости Новитети

За Porsche Taycan 30.000 резервации

Првиот електричен модел на Porsche ги надмина очекувањата на германскиот производител

Објавено на 14 декември 2019 година

Porsche објави дека електричниот Taycan веќе го имаат резервирано повеќе од 30.000 купувачи во Европа, со депозит од 2.500 евра. Со оглед дека план е во наредната година да се направат 20.000 единици, јасно е дека уште сега листата на чекање е со години долга. Ова не е изненадување бидејќи и покрај високата цена од 106 илјади евра за најевтината варијанта, Taycan ги пренесува спортските гени на Porsche во ерата на електричните автомобили. Најмногу со најсилната верзија Turbo S која развива 761 KS и 1.050 Nm максимален вртежен момент. Тие го лансираат до 100 km/h за само 2,6 секунди, а до 200 за 9,8 секунди. Максималната брзина електронски е ограничена на 260 km/h, а автономијата му изнесува 412 километри.

Основната верзија ја носи ознаката 4S и располага со 530 коњски сили. Забрзува до 100 километри на час за точно 4 секунди, а максималната брзина е ограничена на 250. Батериите се нешто помали и овозможуваат автономија од 407 километри. На располагање ќе биде и засилена верзија со 571 коњска сила, која со своите поголеми батерии ќе може да помине 463 километри пат. Треба да се спомене и тврдењето на Porsche дека 80% од капацитетот на батериите на брз полнач можат да се надополнат за точно 22 ипол минути. Комплетната опрема е иста, вклучително и двостепената трансмисија сместена назад. Прецизното око сепак гледајќи ги техничките податоци ќе забележи и дека Taycan 4S е полесен за цели 165 килограми.

Погледнете го видеото како се произведува.

Видео

клучни зборови: ,