За возачите зимата започна

За возачите зимата започна

Според законските прописи, од денес секое возило мора да има зимска опрема
Објавено на 15 ноември 2018 година

Било надвор ладно или не, законот вели дека од денес па во наредните четири месеци за возачите е зима, што значи дека зимската опрема во возилата е задолжителна. Според нашите прописи секое патничко возило кое учествува во сообраќајот на пат надвор од населено место мора да има зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочината на шарите на слојот што гази по обем и широчина од 4 милиметри, или пневматици со летен профил ако возилото во приборот има синџири за снег за погонските тркала или други соодветни помагала. За возилата со 4×4 погон зимските пневматици мора да бидат со длабочина на шарата од 6 mm, а иста е одредбата и за товарните возила и автобусите, кај кои доколку заради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и лопата. Законски, како зимски пневматици се сметаат оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака MS, M+S, M&S и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва, додека пневматици со клинци се забранети. Казната за немање зимска опрема изнесува 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни бода, а ако зимските услови на патот не овозможуваат непречено и безбедно возење полицијата може да го исклучи возилото од сообраќај.

Но доаѓањето на зимата не значи само задолжителна зимска опрема – таа подразбира и подготовка на возилото за ниските температури, кои секогаш доаѓаат оддеднаш, ненајавени. Затоа е битно сé што треба навреме да се провери, бидејќи штетите можат да бидат непријатно високи. За таа цел Авто Магазин и Мото Америт во наредните месец дена ве покануваат на бесплатна проверка на автомобилот за зима, што подразбира контрола на течностите, пневматиците, амортизерите и системот за сопирање. Проверката може да се изврши во модерниот центар за технички преглед на Мото Америт кој се наоѓа во Момин Поток, на излезот од Скопје кон Косово на самиот почетокот на јадранската магистрала, сé до 15 декември годинава.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER