Започна изградбата на новиот мост во Аеродром

Започна изградбата на новиот мост во Аеродром

Со новиот мост на реката Вардар значително ќе се намалат сообраќајните метежи во овој дел од градот

објавено на 25 април 2019 година

Според претходните најави, деновиве започна изградбата на нов мост на реката Вардар кај хотелот Русија со кој ќе се спојува Аеродром со населбата Ќерамидница. Целиот проект е составен од три фази, со кои булеварот АСНОМ ќе се поврзе со булеварот Гоце Делчев кај скопскиот саем. Со ова, општината во која живеат сто илјади луѓе ќе добие уште една брза, безбедна и модерна сообраќајница кон останатите делови од градот. Во моментов во Аеродром постои само еден мост кој ја поврзува населбата со Автокоманда – вториот најблизок мост е кај железничката станица. Првата фаза од овој проект во кој булеварот АСНОМ ќе се прошири во должина од 845 метри, од крстосницата со булевар Србија до крстосницата со булевар Васко Карангелески, е предвидена да заврши во рок од 6 месеци и да чини околу 820 илјади евра. Тој ќе добие по 3 коловозни ленти од двете страни, средишно булеварско зеленило и пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот. Ќе биде опремен и со тактилни патеки за лицата со оштетен вид по целата должина на пешачките патеки и осветлен со енергетски ефикасно ЛЕД осветлување, а ќе бидат поставени и нови сливници кои ќе бидат поврзани со постојната атмосферска канализација.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER