Женева 2019 :: Volkswagen Passat

Добредојде во Европа!

После американската, Volkswagen ја подготви и европската верзија на Passat

Објавено на 7 март 2019 година

Очекуван но не толку како Golf, европската верзија нас обновениот Volkswagen Passat го здогледа светлото на денот. Визуелните измени не се толку драстични но сепак на предниот дел се забележуваат дотераните браници, благо рестилизираната маска и стандардните ЛЕД светла. Овие стилски освежувања беа доволни Passat сега да изгледа помодерно. И корекциите назад се во истата насока, но затоа внатрешноста е таа која доживеа битни промени. Во обновениот Passat се среќаваат унапредената дигитална инструмент табла и најновата генерација на модуларниот инфозабавен систем со кој возилото цело време ќе биде поврзано на интернет. Дел од опремата го сочинуваат и бројните системи за асистенција со кои е овозможено и делумно автономно управување на автопатиштата. Моторната понуда е повеќе или помалку позната – три бензинци и четири дизели со моќност меѓу 120 и 272 коњски сили. Во програмата ќе остане и хибридната верзија со 218 KS која сега има поголема батерија и само на струја може да помине 55 километри.

Како и досега, обновениот Passat ќе биде на располагање како лимузина, караван и во полутеренската Alltrack верзија со зголемен клиренс и дополнителни заштитни елементи. Во продажните салони на Volkswagen ќе пристигне на почетокот на есента.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER