Чешка електрична визија

Покрај главниот новитет Kamiq, од Škoda за салонот на автомобилите во Женева подготвија уште изненадувања

Објавено на 6 март 2019 година

Чесите се приклучија на електричната офанзива на групата со студијата Vision iV која најавува иден сериски модел на Škoda. Со изгледот е сличен на Vision E концептот од 2017 година и претставува кросовер купе со четири врати. На него меѓу другото се истакнуваат ЛЕД дневните светла што се протегаат по целата должина на предниот дел, камерите наместо класичните ретровизори и огромните тркала од 22 инчи. Поставен е на Volkswagen-овата MEB платформа за електрични возила и има два електромотора со вкупно 306 KS. Погонот е на сите четири тркала, а автономијата со едно полнење на батериите од 83 kWh изнесува 500 km. Чесите наведуваат и дека Vision iV забрзува до 100 km/h за 5,9 секунди и дека има најголема брзина од 180 km/h.

Во внатрешноста се среќаваат решенија слични на ланскиот Vision X концепт претставен исто така во Женева. Должината му изнесува 4,67, ширината 1,93 а висината 1,61 метри, додека меѓуоскиното растојание е 2,77 метри. Треба да се спомене и багажникот кој има зафатнина од 550 литри. Овој модел кој во продажба се очекува во 2021 година, но пред тоа Škoda на купувачите ќе им ги понуди електричниот Citigo и плаг-ин хибрид верзијата на Superb.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER