Женева 2019 :: Ginetta Akula

Ginetta Akula

Не е ајкула, ама има остри заби

Објавено на 6 март 2019 година

Малата британска компанија Ginetta го претстави својот нов суперспортски автомобил чиј изглед јасно укажува на неговите можности. Вистинскиот збор со кој би го опишале би бил застрашувачки, посебно ако се знае дека во него чука 6-литарско V8 срце. Развиен и произведен во Ginetta, неговите 600 коњски сили и 705 њутн-метри ќе го лансираат овој 1.150 килограми тежок спортист до максимални 322 километри на час. Распоредот на тежината е 49% напред и 51% назад, а на тркалата се монтирани Michelin Pilot Sport 4 пневматици со димензии 275/35ZR19 односно 305/30ZR20. Менувачот е секвенцијален, каросеријата од јагленородни влакна а цената здрави 340.000 фунти. Сепак тоа не беше пречка од планираните 20 примероци за идната година 14 веќе да бидат резервирани.

За оние скептичните или недоволно информирани треба да кажеме дека Ginetta не е непознат производител на спортски возила. Компанијата со тоа се занимава уште од 1958 година кога ја основаа браќата Воклет. Златното доба го имаше во текот на 60-тите и 70-тите години кога произведуваа повеќе модели кои под хаубата имаа мотори од Ford.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER