Еуроимпекс со пролетна акција -10% на системот за сопирање

Македонија

Еуроимпекс со пролетна акција -10% на системот за сопирање

Направи пауза и погрижи се за своето возило

Објавено на 11 март 2020 година

Еуроимпекс, генералниот увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија ги повикува возачите да направат пауза и да се погрижат за своето возило. За правилно функционирање на вашето возило во однос на безбедноста, одржување на перформансите и удобноста, од клучно значење е да се следи програмата за сервисирање со цел безбедно и безгрижно управување со истото. Дисковите и плочките се основниот безбедносен елемент на возилото кои се едни од потрошните делови, па токму поради тоа од Еуроимпекс советуваат да се консултирате со овластените Peugeot сервиси и да се врши редовна проверка и замена на течноста за сопирачките во одреден временски период препорачан од производителот. Ова е одлична можност за сите сопственици на Peugeot возила да го одржуваат системот за сопирање со промотивна цена на деловите и работната рака.

Акцијата е во важност за промотивниот период во рамките на целата овластена мрежа на Peugeot во Македонија и истата е со времетраење до 16 април. Придобивка за клиентите се секако двете сервисни локации во Скопје на импортерот Еуроимпекс и уште петте сервисни локации распространети во нашата земја. За сите консултации и совети Еуроимпекс им стои на располагање на своите клиенти, кои повеќе информации можат да видат на линкот www.peugeot.mk.

 

 

клучни зборови: