Етикетирање на загадувачите :: Кои возила ќе добијат црвена, а кои зелена еколошка налепница?

Кои возила ќе добијат црвена, а кои зелена еколошка налепница?

Државата ќе потроши огромни количини црвена боја за печатење на новите еколошки налепници
Објавено на 9 ноември 2018 година

Согласно новиот закон за возила, ќе се воведе еколошка категоризација на возилата и соодветни налепници за нив во црвена, жолта и зелена боја. Категоризацијата ќе биде извршена според нивото на емисиите на издувните гасови од моторите на возилата согласно соодветните технички спецификации, односно ECE или ЕC прописите. Во првата еколошка категорија ќе влезат возилата со ниво на емисии Еуро 5 и повисоко, како и возилата со Еуро 4 норми на кои е вграден уред за погон на течен нафтен или компримиран земјен гас, како и хибридните и електричните возила. Тие ќе добијат еколошка налепница со зелена боја. Втора еколошка категорија ги опфаќа возилата со ниво на емисии на издувните гасови според Еуро 4 и Еуро 3 нормите и тие ќе бидат означени со жолта налепница, а во третата категорија ќе бидат сите останати возила – со Еуро 2 и пониски норми, како и оние за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови. За нив се резервирани налепници со црвена боја. Сите возила кои учествуваат во сообраќајот на патиштата мора да бидат означени со вакви налепници кои ќе ги добиваме при регистрацијата на возилата. Еколошката категоризација на возилата ќе ја вршат станиците за технички прегледи, кои во иднина ќе мора да извршат и мерење на вредностите од емисиите на издувни гасови на возилото. Воедно се укинуваат досегашните налепници за извршена регистрација.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER