Елон Маск пресече: Одиме во Берлин!

Елон Маск пресече: Одиме во Берлин!

Објавено на 13 ноември 2019 година

Американскиот милијардер и сопственик на Tesla Елон Маск ја избра локацијата за првата европска гигафабрика – близу до новиот аеродром во Берлин, кој всушност се гради во Бранденбург. Тој наведе дека во неа освен електрични автомобили и погонски механизми за нив ќе се произведуваат и батерии. Производството на возила на Стариот Континент се планира да започне во 2021 година. Освен фабриката, Tesla во германската престолнина ќе отвори и инженерски и развоен центар. Маск како една од причините за изборот на Берлин за сето ова рече дека сите знаат дека германското инженерство е првокласно. Оваа инвестиција на Tesla доаѓа откако започна производството во кинеската гигафабрика во Шангај во која се вложени 1,6 милијарди долари. Колку ќе чини германската инвестиција и колкав капацитет ќе има фабриката, засега не е познато. Прв модел што ќе се произведува ќе биде кросоверот Model Y.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER