Електрични возила: Неинформираноста владее (со видео)

Неинформираноста владее

Резултатите ќе ве шокираат – 42% од испитаниците мислат дека електричните автомобили мора да се полнат на бензински пумпи!

Објавено на 17 септември 2019 година

Електричните возила одамна се на улиците во САД, но меѓу Американците сé уште владее огромно непознавање во однос на нивното користење. Како компанија која се подготвува за влез на пазарот на електричната мобилност, за подобро да го запознае, Ford спроведе истражување меѓу возачите во САД, Европа и Кина на тема електрични возила, а резултатите од тоа шокираат – неинформираноста, посебно меѓу Американците, владее до толку што 42% од испитаниците таму мислат дека електричните автомобили мора да се полнат на бензински пумпи! Така, место да донесе одговори, студијата предизвика повеќе прашања од кои најважното е на што се должи оваа неинформираност? Постојат повеќе можни причини, од кои најлогична би биле plug-in хибридите. Тие и понатаму мораат на бензинска пумпа за гориво, но не и за струја – неа можат да ја наполнат било каде. До каде оди работата доказ е видеото во кое девојка се обидува да наполни бензин во Tesla.

За жал, добро би било да е само оваа нелогичност. Така, дури 90 отсто од испитаниците сметаа дека електричните возила немаат добро забрзување и дека не можат да донесат уживање во возењето, две третини мислат дека со нив не може да се влече приколка, а 80 отсто се плашат да ги возат по лошо време. Очигледно, освен во технологии, производителите на електрични возила ќе мора да инвестираат и во јавното мислење.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER