Електрични возила: Едно скапо, друго уште поскапо…

Едно скапо, друго уште поскапо…

Вистината секогаш има две страни

Објавено на 18 септември 2019 година

Сите знаеме дека електричните возила се скапи заради високата цена на батериите, но исто така и дека возењето со нив, односно полнењето на нивните батерии, е евтино. Но, дали навистина е така? Бидејќи вистината секогаш има две страни, треба да ги погледнеме и двете. Кај нас конкретно, полнењето на батериите на електричните возила или е бесплатно, или чини помалку од едно кафе. Бесплатно е на сите јавни полначи бидејќи сегашните законски решенија не дозволуваат продавање на струјата на овој начин. Ако пак ги полните дома, тоа ќе ве чини според евтината тарифа 2,78, а според скапата 5,54 денари за киловат-час, односно 55 или 110 денари, пресметано со потрошувачка од 20 киловат-часа за 100 поминати километри.

Но таму каде постои организирана мрежа полначи за електричните возила, каде освен струјата се наплаќа и услугата, цените не се баш така ниски. На пример во Германија полнењето електричен автомобил знае да биде поскапо отколку точењето гориво. Конкретно, на мрежата на E.ON струја за 100 километри ќе ве чини 7,95 евра, на полначите на New Motion 14,88, а пак на оние на Plugsurfing цели 16,36 евра. Колку чини горивото за возење со бензински или дизел автомобил пресметајте сами – цените на горивата кај нас ги знаете, а во Германија литар бензин во просек моментално чини 1,44, а литар дизел 1,28 евра. Ако ве интересира, цената на киловат-час струја таму се движи меѓу 29 и 89 евроценти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER